Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВАЖЕН ДЕН ВО СОБРАНИЕТО: Уставен судија и нов заем од 25 милиони евра

На денешните собраниски седници се изборот на нов уставен судија, два предлог-закони поврзани со заеми од Светската банка и Законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. За уставна судијка е предложена Мери Дика Георгиевска од Апелациониот суд во Скопје.

Еден од предлозите предвидува заем од 25 милиони евра за подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација. Рокот на отплата е 12 години, со три години грејс-период и камата врзана за шестмесечен ЕУРИБОР.

Другиот предлог се однесува на откажување на неискористен дел од постоен заем во износ од 19,2 милиони евра. Сите точки стануваат конечни дури по гласањето на пратениците.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК