Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЗДРАВСТВЕН АЛАРМ: Седуммина со западнонилска треска на Инфективна

На Клиниката за инфективни болести се лекуваат седум лица со западнонилска треска, а еден пациент и натаму е во сериозна, односно критична здравствена состојба.

Епидемиологот Драган Даниловски оценува дека официјално регистрираните осум случаи веројатно се само дел од реалниот број инфекции. Најголем дел од заразените немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика и затоа не бараат лекарска помош.

Најголем ризик од тешка форма имаат повозрасните и хронично болните лица. Се препорачуваат репеленти, долга облека во вечерните часови, заштитни мрежи и отстранување на застоената вода околу домовите.