Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на стабилно, сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПО СНЕГОТ ДОАЃА СИЛЕН СТУД – Во Македонија температурите ќе се спуштат до минус 16 степени

ДЕСК

СЕКОЈА ГЕНЕРАЦИЈА ТРЕБАШЕ ДА ЖИВЕЕ ПОДОБРО ОД ПРЕТХОДНАТА – Дали го прекршивме најважното економско ветување?

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА КОНТРОЛА ВО ОХРИД – Во угостителски објект затекнати руски државјанки

ДЕСК