Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЗАСТОЈ КОН ГРЦИЈА: Цариниците штрајкуваат, камионите не поминуваат

Грчките царински службеници утрово штрајкуваат од 5 до 9 часот по македонско време, поради што има ограничувања на премините Евзони–Богородица, Ники–Меџитлија и Дојрани–Дојран. Патничките автомобили се пропуштаат во интервали од околу десет минути.

Товарниот сообраќај е целосно запрен за време на штрајкот. Грчките цариници бараат подобри услови за работа и исплата на додатоци за прекувремена, сменска, празнична и викенд-работа.

МВР информира дека македонските служби работат редовно и дека задржувањата зависат од постапувањето на грчката страна. По 9 часот се очекува постепено нормализирање, но можно е колоните да се расчистуваат подолго.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Го потсетуваме Мицкоски на членот 368 – а од КЗ, да не ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

Поповиќ: Со наредбите до обвинителство и заканите Мицкоски ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ДЕСК