Со свечена програма на новиот парк-плоштад во населеното место Марино, Општина Илинден го одбележа патрониот празник – „Илинден 2-ри Август“. Голем број граѓани присуствуваа на одбележувањето на Денот на Општината, кое годинава помина во празнична атмосфера, исполнета со музика, заедништво и достоинствено чествување на еден од најзначајните датуми во македонската историја.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој го честиташе празникот, истакнувајќи дека Илинден е симбол на слободата, достоинството и заедништвото, вредности врз кои се темели развојот на општината. Во рамки на свеченоста беше прикажана и видео презентација со дел од реализираните проекти и капитални инвестиции, при што градоначалникот нагласи дека локалната самоуправа продолжува посветено да работи на рамномерен развој на сите населени места.
Празничната вечер беше заокружена со богата музичка програма, а бројната публика уживаше во настапите на истакнатите македонски ѕвезди Јордан Митев и Антониа Гиговска, кои со своите најголеми хитови приредија незаборавна вечер, поздравена со силен аплауз и позитивна енергија од присутните.
Големата посетеност и одличната атмосфера уште еднаш потврдија дека Општина Илинден успешно ги обединува граѓаните околу заедничките вредности, продолжувајќи по патот на развојот, инвестициите и напредокот.
фото Општина Илинден


