Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Скопје – Со лисици на рацете завршија шестмина, меѓу кои и малолетник

На 24/25.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(20), лице (27), лице (26), лице (20), 16-годишен малолетник, сите од Скопје и лице (23) од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.