Centar.mk
РЕГИОН

МУ ЗЕЛ ПАРИ И ЗЛАТО ЗА ДА МУ „СИМНЕ ЦРНА МАГИЈА“: Бајачка работа, ама вистинска кражба – златото исчезнало

Полицијата во Република Српска привела лице од Илиџа под сомнение дека измамило жител на Бања Лука, ветувајќи му дека ќе му помогне да се ослободи од наводна „црна магија“.

Според полициските информации, осомничениот од оштетениот зел пари и златен накит. Точната вредност на одземеното треба да биде утврдена во истрагата.

Случајот се обработува како сомнение за измама. Полицијата потсетува дека граѓаните не треба да даваат пари или вредни предмети на лица што ветуваат натприродни или нејасни услуги.