Centar.mk
РЕГИОН

Кој тргнал без вода и трпение, мака го чека на Бајаково

На граничниот премин Бајаково–Батровци утрово биле регистрирани задржувања до пет часа на одредени правци. Големи колони има поради засилениот туристички сообраќај кон Јадранското Море.

Задржувања од неколку часа биле пријавени и на Товарник–Шид и на помалите премини меѓу Хрватска и Србија. Гужви има и на наплатните станици, тунелите и јазлите на хрватските автопати.

Хрватскиот авто-клуб ги повика возачите да ја следат состојбата во реално време, да носат доволно вода и да избегнуваат патување во најоптоварените часови.