Centar.mk
РЕГИОН

Ни пиле да прелета: Туристички метеж кон Јадранот

На главните патни правци во Хрватска во насока кон југ утрово е регистриран силно зголемен сообраќај. Најоптоварени се автопатот А1 Загреб–Сплит–Дубровник и приодите кон наплатните станици, тунелите и туристичките центри.

Поголеми задржувања се забележуваат и на повеќе гранични премини, особено на излез од земјата и на премините кон Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Возачите треба да прават почести паузи, да не возат уморни и навремено да ги проверуваат состојбата на патиштата и евентуалните сообраќајни ограничувања.