Centar.mk
СВЕТ

Иран објави дека ќе ги таргетира американските и сојузничките цели доколку бидат нападнати нуклеарни објекти

Врховната здружена воена команда на Иран објави дека ќе ги таргетира целите што ги претставуваат интересите на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, доколку САД ги таргетираат нуклеарните објекти на Иран.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „многу наскоро“ ќе го нападнат планинскиот предел Пијук каде што се сомнева дека Иран има нуклеарна програма, Централниот штаб на Иран, Хатем ал-Анбија, објави дека ќе одговори со напади врз американски цели во регионот, пренесува „Ирна“.

Во соопштението се наведува дека доколку американската војска влезе во фаза на напад на нуклеарни и чувствителни центри, Иран ќе го смета тоа за проширување на војната во регионот и дека сите интереси на САД, нивните сојузници и поддржувачи „ќе бидат цел на силен напад од страна на вооружените сили на Иран“, пренесува Танјуг.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Соединетите Американски Држави веројатно наскоро ќе нападнат локација во регионот Натанз во Иран, поради сомневања дека нуклеарниот материјал на земјата е префрлен таму./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК