Centar.mk
СВЕТ

Трамп се повикува на законот од 1930 година и воведува царини од 50% за канадски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, воведе царини од 50 проценти за одредени производи од Канада, зголемувајќи ја можноста за трговска војна со вториот најголем трговски партнер на Америка. Трамп се повика на трговскиот закон од 1930 година, пишува CNN. Според три прогласи потпишани од Трамп во понеделник, новите царини опфаќаат низа производи, од електрична опрема како што се фрижидери до машини. Мерката ќе стапи на сила за 30 дена.

Администрацијата на Трамп ја базира својата одлука на член 338 од Законот за царини од 1930 година. Таа законска одредба му дозволува на претседателот да воведува царини до 50 проценти без одобрение од Конгресот ако се утврди дека некоја земја дискриминира американски производи. Сепак, законот никогаш досега не бил применет на овој начин.

Одлуката доаѓа откако Трамп минатата недела ѝ се закани на Канада со повисоки тарифи како одговор на ефектите што канадските пожари ги имаа врз САД. Сепак, висок функционер на администрацијата им рече на новинарите дека потегот не е поврзан со пожарите.

„Претседателот има други опции за тоа прашање“, рече функционерот.

Официјалната причина за новата рунда тарифи е наводниот дискриминаторски третман на американските моторни возила, алкохолот и млечните производи во Канада./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК