Соопштение на СДСМ:
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не се занимава со проблемите на Скопје.
Градскиот сообраќај, ѓубрето, депониите – сè е оставено на страна.
Наместо тоа, тој се занимава со својата промоција.
Толку го најавуваше овој билборд, а не успеа ни да најде некого кој ќе го погледне графичкото решение наместо него.
Дали им е на сите јасно колку е стручен градоначалникот кој не гледа коњ со пет нозе, камен мост кој личи на вијадукт и белградски храм во сред Скопје?
Дали е јасен аматеризмот, целосното незнаење и недостатокот на минимално општо образование кога првиот човек на градот, кој ги претставува скопјани, не ги забележува ваквите грешки?
Откако нè увери во својата неспособност и незнаење, сега нека ни каже колку платил за AI решението и кој го реализирал ова авторско AI дело.
Дали има уште нешто договорено со оваа фирма и дали добиле негативни оценки?
Дали Орце има нешто со оваа фирма, откако гледаме како досега ги крие овие податоци?
А да му кажеме и тоа дека новото решение кое е повторно поставено иако не го платил печатањето и поставувањето, како што вели, сепак не е бесплатно.
Јавното комунално претпријатие не работи бесплатно – го финансираат граѓаните на Скопје.
Така што и тоа мора градоначалникот да го знае.
Граѓаните и него го плаќаат.
Нема ништо џабе Орце, па дури и AI решението – коњи со пет нозе, и тоа е платено со парите на граѓаните на Скопје.


