Centar.mk
фото Општина Карпош
ЛОКАЛНО

Лукровски на увид во Бардовци: Се уредуваат улици во должина од 663 метри

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши увид во тековните градежни активности што се реализираат на неколку локации во у.з. Бардовци. Во непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“ во тек е реализација на инфраструктурен зафат кој опфаќа асфалтирање на три улици во вкупна должина од 663 метри. Градежните активности на оваа локација опфаќаат и изградба на нови троторари, рабници, како и поставување на нови столбови за улично осветлување.

Со ова ќе се овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата, а со тоа ќе се зголеми и квалитетот и условите за жителите од овој дел од населбата. Паралелно со овој градежен зафат, се изведуваат инфраструктурни активности и на улицата 1687, каде што се врши целосно асфалтирање на коловозот и изградба на нови тротоарски површини. Во тек на градежните работи, економските оператори ја поставија и својата комуникациска подземна мрежа со што оваа улица добива конечен, современ и функционален лик и намена.

При увидот, градоначалникот Лукровски истакна дека Општина Карпош продолжува со реализација на капиталниинфраструктурни проекти во сите урбани заедници, кои директно придонесуваат за создавање на рамномерен развој на општината и подобрување на квалитет на животот на карпошани.

фото Општина Карпош