Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Двајца возеле без возачка дозвола, трет под активна забрана за управување низ тетовскиот регион

На 10.07.2026 во 13:40 часот на клучката за с.Групчин, полициски службеници од ПО Групчин сопреле патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице (21) од с.Ларце. При контролата било утврдено дека лицето го управува возилото без возачка дозвола, по што е лишено од слобода по член 297-а од КЗ. Возилото е привремено одземено.

На 10.07.2026 во 22:50 часот на ул. „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници сопреле мотоцикл „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од лице (22) од с.Порој. По извршената проверка било констатирано дека го управува мотоциклот без возачка дозвола. Тој е лишен од слобода согласно член 297-а од КЗ, а мотоциклот е привремено одземен.

На 11.07.2026 во 02:35 часот во Тетово, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од лице(22) од Гостивар. При проверка било утврдено дека возилото го управува под активна мерка „забрана за управување со моторно возило“. Истиот е лишен од слобода согласно член 297-а од КЗ, а возилото е привремено одземено.

Тројцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.