Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Комисијата за финансирање и буџет ја продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска со почеток во 11:00 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година.

Поднесени 224 амандмани

За ребалансот се поднесени вкупно 224 амандмани. Од нив, 90 се поднесени од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од коалицијата ВРЕДИ. Комисијата во изминатите денови веќе разгледа дел од предложените амандмани, а расправата продолжува и денеска.

Повисоки приходи и капитални инвестиции

Според предложениот ребаланс, вкупните приходи се проектирани на околу 6,17 милијарди евра, што претставува зголемување од околу 68,3 милиони евра или 1,1 процент во однос на првично усвоениот Буџет за 2026 година.

Вкупните расходи се планирани на околу 6,91 милијарди евра, при што се обезбедени дополнителни средства за капитални инвестиции. За оваа намена се предвидени околу 748 милиони евра, што е за околу 94,3 милиони евра, односно 14,5 проценти повеќе во споредба со иницијалниот план.

Проектиран раст од 3,5 проценти

Со ребалансот, Владата проектира економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит на ниво од 4,1 процент од бруто-домашниот производ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – „Ниту една повеќе“ повикува на собир од 17 часот

ДЕСК

ВО 11 ЧАСОТ ЈАВНА СРЕДБА ЗА ЗАШТИТА НА ЖЕНИТЕ – Експертите ќе разговараат за пристапот до правда

ДЕСК

ТРИ СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК – Пресметките на МОН покажуваат 156 денари дневно

ДЕСК