Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 4.118

Бројот на загинати во двата силни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.118, соопшти во петокот претседателот на Народното собрание, Хорхе Родригез.

Според најновите официјални податоци, во катастрофата се повредени 16.740 лица, додека 17.907 жители останале без своите домови. Овие бројки остануваат непроменети во однос на претходниот извештај.

Двата разорни земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, најсилно ги погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гуаира. По главните потреси беа регистрирани и повеќе од 600 последователни земјотреси со послаб интензитет./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕДЛОЖИ НОВ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА – Мерките би опфатиле банки, дигитални финансии и спорт

ДЕСК

БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР СО ЈАСНА ПОРАКА – Нема враќање во ЕУ без референдум

ДЕСК

НАТО ГО НАЈАВИ СОСТАНОКОТ РУТЕ–ТРАМП НА ФЛОРИДА – Нови разговори за безбедноста и Алијансата

ДЕСК