Centar.mk
СВЕТ

Французин се обидел да прошверцува жена од Тајланд во куфер

Албанските гранични служби спречиле обид за нелегално пренесување на жена од Тајланд, која била пронајдена скриена во куфер во автомобил управуван од француски државјанин на граничниот премин Муриќан, меѓу Албанија и Црна Гора.

Според информациите од албанската полиција, уапсен е 26-годишниот Том Хаак, кој се сомничи дека се обидел незаконски да пренесе лице преку државната граница.

При деталната контрола на возилото, полицајците откриле патнички куфер сместен на задното седиште, во кој се наоѓала државјанка на Тајланд.

Првичната истрага покажува дека крајната цел била жената нелегално да биде пренесена во Франција, а маршрутата требало да води преку Црна Гора и Хрватска.

Од албанската полиција информираат дека францускиот државјанин е приведен, а во притвор е задржана и жената од Тајланд, додека надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК