Centar.mk
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Се асфалтира улица „6“ во н.м Кадино, општина Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура, во рамки на кои деновиве се асфалтира улица „6“ во населеното место Кадино.

Реконструкцијата опфаќа пат во должина од околу 350 метри и широчина на коловозот од 5 метри. Асфалтирањето се реализира поради оштетување на коловозот настанато при изведба на работи за изградба на примарна мрежа и приклучни краци на фекална канализација во вкупна должина од околу 3.500 метри, со што се овозможи приклучување на приближно 100 домаќинства на новоизградената канализациона мрежа.

Дополнително, извршено е нивелирање и поставување на заштитни бетонски капаци на шахтите од фекална канализација кои се наоѓаат на улицата, се врши чистење и уредување на отворените одводни канали, кои се во функција на прифаќање и одведување на атмосферските води од коловозот, како и поставување на заштитни банкини долж коловозот.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека континуираното инвестирање во локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на општината, бидејќи современите и квалитетни сообраќајници придонесуваат за поголема безбедност, подобра поврзаност и поквалитетен живот на жителите од сите населени места.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со интензивна реализација на проекти за изградба и реконструкција на улици низ целата територија на општината, со цел понатамошно унапредување на комуналната и сообраќајната инфраструктура.

фото Општина Илинден