Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски сака да се врати на факултет? Прво ќе мора да одговара за она што го направи со Македонија

Соопштение на ВМРО ДПМНE:

Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема намера да се кандидира за претседател на државата во 2029 година и дека по завршувањето на мандатот планира да се врати на факултет.

Значи, откако ќе ја ограби Македонија, ќе ја изолира од европскиот пат, ќе го постави своето судство и обвинителство, и ќе ја доведе државата до економски и институционален колапс, сака мирно да си замине и да се врати во академска кариера?

Нема да биде така!

Мицкоски не може да си замине како да не се случило ништо.

Не може да си оди во пензија или на факултет откако ја доведе Македонија во најтешка изолација во последните децении, откако ја блокираше европската перспектива и откако ја претвори државата во плен на организирана криминална група.

Времето на вистината и правдата доаѓа. Доаѓа моментот кога Македонија ќе се врати на европскиот пат, кога обвинителството ќе биде европско и независно, и кога ќе се бара одговорност од оние кои ја уништија државата.

А ние знаеме точно кој е шефот на оваа организирана криминална група која себе си се нарекува ВМРО.

Мицкоски може да сонува за враќање на факултет. Реалноста е дека пред тоа ќе мора да одговара за она што го направи со Македонија и со македонскиот народ.

Освен ако не мисли на онаа: „Затворите се нашите универзитети!“