На 24.11.2026 во 12:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш лишиле од слобода 54-годишник од Радовиш.
Според пријавеното, околу 10:30 часот во Радовиш тој со остар предмет нападнал 19-годишник од село Градашорци, струмичко.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


