Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Кисела Вода:
„Би сакал да истакнам дека можеби ова речно корито и овој канал навидум делуваат скромно, но во суштина се од огромно значење за жителите од овој дел на Градот Скопје и Кисела Вода, бидејќи на овој начин се прифаќаат сите оние води коишто во услови кога можат да надојдат тие прават многу големи проблеми на домовите на жителите на ова населено место и тоа се случувало во минатото. Затоа со овој проект ние практично го решаваме тој проблем за да повеќе не ни се случува.
Би сакал да и честитам на градоначалничката, на советниците, на администрацијата коишто се од Кисела Вода, на сите коишто беа вклучени во организирањето на овој проект. Проектот како што заменик-министерката во МЖСПП веќе кажа е обезбеден со средства од страна на Владата и понатаму продолжуваме да финансираме проекти коишто се од значење за граѓаните во периодот којшто следи.
Исто така сакам да се заблагодарам на Министерството за животна среда и просторно планирање, на министерот, на заменик-министерката и на сите коишто се вклучени во реализација на овие проекти, на сите колеги од Владата затоа што на овој начин практично ние реализираме или вкупно ќе бидат реализирани повеќе од 1.200 проекти, нешто што досега се нема случено во независна Македонија. Најголемиот дел од тие проекти се во фаза на реализација, дел се веќе завршени, дел ќе отпочнуваат така што она коешто го започнавме кога бевме избрани како Влада еве продолжуваме да го реализираме и ценам дека на овој начин драматично го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните.
Уште еднаш нека ни се множат вакви проекти, денеска едниот проект е близу 60.000.000 денари, следна недела како што кажа заменик-министерката нов проект од 40.000.000 денари и така натаму, и така натаму. Кога на тоа ќе се додаде и тековните проекти мислам дека со овие трансфери од централниот буџет кон општините, не само што им помагаме на општините, она што е наша цел е да им помагаме на граѓаните.“
фото Влада


