СВР Охрид поднесе кривична пријава против три лица од Битола на возраст од 47, 22 и 25 години поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.
На 23.08.2026 во охридското село Пештани, пријавените физички нападнале лице кое во раце го држело неговото малолетно дете, кое во нападот се здобило со телесни повреди.
По брза интервенција на полициските службеници, напаѓачите биле пронајдени и лишени од слобода.


