Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПЕТ НЕОВЛАСТЕНИ ТРАНСАКЦИИ ОД ЕДНА КАРТИЧКА: 65-годишна жена пријавила измама во Тетово

На 30.06.2026 во 09:50 часот во СВР Тетово, 65-годишна жена од Тетово пријави дека од непознато лице и била злоупотребена платежната картичка, односно во периодот од 31.05.2026 до 26.06.2026 година, биле извршени пет неовластени трансакции, при што и е нанесена материјална штета од 9.263 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.