Centar.mk
фото Собрание
-МАКЕДОНИЈА

Собранието се приклучува на глобалната кампања против насилството

Денеска, се одбележува Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, со кој се потсетува на потребата од континуирани заложби, институционална одговорност и заедничко дејствување за спречување на сите форми на насилство. На овој ден започнува и глобалната кампања „16 дена активизам“, чија цел е подигање на јавната свест, поттикнување на општествената одговорност и испраќање јасна порака дека насилството не смее да се премолчува или оправдува.

Како највисок претставнички и законодавен дом, Собранието се приклучува кон кампањата, потврдувајќи ја својата посветеност на промовирањето на еднаквоста, заштитата на човековите права и создавањето општество во кое секоја жена и девојка ќе може да живее без страв, насилство и дискриминација.

Во пресрет на почетокот на кампањата, пратениците оставија свои пораки на симболичен банер во Собранието, приклучувајќи се кон повикот за прекинување на молкот, подигање на свеста и заедничко дејствување во борбата против насилството врз жените.

Со своите пораки, тие испратија јасна порака дека спречувањето на насилството е заедничка одговорност и дека секој поединец, институција и заедница има важна улога во создавањето безбедна средина, во која жртвите ќе добијат поддршка, а насилството ќе биде препознаено, пријавено и соодветно санкционирано.

Собранието и во наредните 16 дена ќе продолжи да испраќа пораки за подигање на свеста, охрабрување на пријавувањето и поттикнување на заедничка одговорност во борбата против насилството врз жените.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

Костадиновска Стојчевска: Има ли Алта банка пари во кеш и што ќе се случи со заштедите над 30.000 евра?

ДЕСК

Трајчулески до Ивановски: Дали финансиска полиција го провери потеклото на парите со кои Мацура ги презеде Алта банка и ЗОИЛ Македонија?

ДЕСК

Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупција и Блупринт групата за реформи на правосудство за новиот Кривичен законик: Забрзаните рокови не смеат да ја потиснат суштинската дебата

ДЕСК