Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ВОНРЕДНИ НАЈАВИ: ДОАЃА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 38 С – Синоптичарите со четиридневна прогноза

Утре ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

Прогноза за 25.06.2026
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 26.06.2026
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 27.06.2026
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

ТАТКО ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ 13-ГОДИШНОТО ДЕТЕ – Две кривични дела во пријава од делчевско

ДЕСК

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО КОЧАНИ – 67-годишник доби кривична пријава поради закани кон сопругата

ДЕСК

СО МОТОРНА ПИЛА СЕ ОБИДЕЛ ДА НАПАДНЕ ЧОВЕК – Пресметка во гостиварско завршила со кривични пријави

ДЕСК