Centar.mk
фото ЈС/Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

По сообраќајката пуштен сообраќајот на патот Струмица – Радовиш

ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: На ден 23,06,2026 г. сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола близу железничката пруга Лознани е спроведен времен режим на сообраќај, сообраќајот ќе се одвива со пренасочување од магистралниот кон регионалниот пат заради изведување на градежни работи на терен.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: На 23.06.2026 година магистралниот пат А4 правец Струмица – Радовиш е исчистен и во 11:40 часот е целосно отворен за одвивање на сообраќајот на сите товарни и патнички моторни возила.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.