Од утре до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.
Прогноза за 19.06.2026
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 32°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 20.06.2026
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 27°C до 34°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 21.06.2026
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 36°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.


