Centar.mk
фото: Министерство за правда
МАКЕДОНИЈА

Разгледани предлозите на институциите за реформи во изборното законодавство

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која беа разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик.

На покана на Министерството за правда, на седницата присуствуваа претставници на институциите кои претходно доставија предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на подготовка на измените на Изборниот законик за кои беа потребни дополнителни појаснувања. Со цел обезбедување поцелосна и поаргументирана расправа, институциите имаа можност непосредно пред членовите на Работната група да ги презентираат своите предлози и да дадат дополнителни образложенија по прашањата кои беа предмет на разгледување.

Веќе следната недела ќе бидат вградени усогласените решенија во текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој ќе биде доставен до членовите на Работната група за дополнителен увид и евентуални забелешки.

Министерството за правда изразува благодарност до сите членови на Работната група, претставниците на институциите и политичките субјекти за нивниот активен придонес во процесот на подготовка на реформите во изборното законодавство.

фото: Министерство за правда