Centar.mk
фото Влада
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија

– Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и B2B средби, односно тоа што го отпочнавме во Унгарија и тоа што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул, изјави премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Истанбул, Турција каде учествува на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави.

– Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овдека во Истанбул, Турција.

фото Влада

Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она коешто ние ќе го правиме овие два дена овде во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување на странски директни инвестиции.

Така што еве веќе првиот дел од овој настан заврши, очекувам многу успешни состаноци, очекувам силни пораки да бидат испратени и продолжуваме да информираме од нашата билатерална посета во Истанбул, Турција, рече премиерот.

фото Влада