Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НОЌНА ДРАМА НА АВТОПАТОТ ВЕЛЕС–ГРАДСКО: „Шкода“ излета од патот

На 10.06.2026 во 02:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес-Градско, патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(31) од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 59-годишна сопатничка Д.В. од Кавадарци, констатирани во Општа болница Велес.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.