Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МВР СО ДЕТАЛИ ЗА НЕСРЕЌАТА: Мотоциклист изгубил контрола и удрил во карпа

На 10.06.2026 во 18:35 часот во ОВР Кратово е пријавено дека магистралниот пат с.Страцин, кратовско, кај место викано „Поповски рид“, М.Т.(21) од Куманово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.