На 10.06.2026 во 17:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.У.К.(23) од Обединето Кралство, удрило во метална ограда и излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 23-годишна сопатничка Б.А. од Обединето Кралство, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


