Centar.mk
фотографијата е генерирана со AI за потребите на Centar.mk
СВЕТ

Во невреме во Холандија дрво уби возач на автомобил, градот ги искрши покривите на камперите, издадено жолто предупредување

Силно невреме на југот на Холандија собори дрво кое падна врз автомобил и го уби возачот во Бокстел, а градот што падна во покраината Северен Брабант предизвика голема штета на камп во Рамсдонк, објавија денес локалните власти.

Комуналната служба во општина Бокстел објави дека возачот во тој град бил убиен од скапано дрво во вторникот попладне, кое било соборено врз автомобилот од силен ветер, и дека сите високи дрвја во областа ќе бидат проверени за да се провери дали се во опасност од паѓање, објавува „NL Times“.

Во кампот Де Бонте Крај во Рамсдонк, град ги исрши покривите на камперите и речиси сите шатори беа срушени.

Холандскиот метеоролошки институт (KNMI) издаде жолто ниво на предупредување за денес за југоисточната половина од земјата, каде што се очекуваат врнежи со уште повеќе грмотевици./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

C +

Дмитриев ги повика вонземјаните да го убедат Стармер да поднесе оставка

C +

Само еден од 10 Европејци ги гледаат САД како сојузник, покажуваат најновите анкети

C +