Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е „отворено прашање“ дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (76) сака да ја продолжи својата политичка кариера.

Трамп изјави за „ABC News“, кога го прашаа дали Нетанјаху ќе учествува на претстојните избори во Израел, дека не знае и дека „се прашува дали Биби воопшто сака да продолжи“.

„Тој имаше неверојатна кариера. Дали сака да продолжи? Затоа што, знаете, тој е премиер во воено време. Многу брзо ќе ја добиеме оваа војна, на еден или друг начин, а тој е премиер во воено време. Отворено прашање е дали Нетанјаху повторно ќе се кандидира“, рече Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Во невреме во Холандија дрво уби возач на автомобил, градот ги искрши покривите на камперите, издадено жолто предупредување

C +

Дмитриев ги повика вонземјаните да го убедат Стармер да поднесе оставка

C +

Само еден од 10 Европејци ги гледаат САД како сојузник, покажуваат најновите анкети

C +