Мал авион се урна утрово во близина на аеродромот кај Вршар, во хрватскиот дел на Истра. Несреќата се случила околу 8:35 часот, а според првичните информации, едно лице е повредено, додека уште едно лице поминало без повреди.
Од полицијата соопштиле дека веднаш по пријавата на местото на настанот биле испратени сите надлежни служби за итна интервенција.
Според информации објавени во хрватските медиуми, пилотот на леталото е државјанин на Словенија.
Вршар се наоѓа во Истра, недалеку од Пореч, а ова е втора авионска несреќа во Хрватска во рок од една недела. На 4 јуни, исто така во Истра, мал авион се урна во близина на Медулин, при што животот го загубија четири лица.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


