Centar.mk
БИЗНИССВЕТ

ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПАДНАА: Смирувањето меѓу Иран и Израел го раздвижи пазарот

Цената на нафтата се намали откако Иран и Израел соопштија дека ги запираат нападите, по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за итно смирување на ситуацијата.

Брент нафтата на лондонскиот пазар поевтини за околу еден процент, на 93,34 долари за барел, додека американската WTI падна за 1,2 проценти, на 90,17 долари.

Со ова речиси се стопија добивките од претходниот ден, кога цените нагло пораснаа поради новите напади и стравувањата од поширок конфликт на Блискиот Исток.

И покрај најавениот прекин, состојбата во регионот останува напната. Техеран предупредува дека може повторно да реагира доколку продолжат израелските напади, додека Израел најавува силен одговор на секој нов напад.

Можеби ќе ве интересира

Анализа: Гасниот интерконектор со Грција ќе овозможи поширока употреба на природен гас во државата

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ, МОЖНИ ПРЕКИНИ НА БАНКАРСКИТЕ УСЛУГИ ВИКЕНДОВ – Од понеделник нови стандарди во платниот промет

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК