Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРАКТОРОТ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ, А ТОЈ СИ ЗАМИНАЛ ДОМА: Тажен крај за 71-годишник од виничко

На 08.06.2026 во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани увидна екипа на ОВР Виница извршила увид на местото. Притоа, било констатирано дека на 06.06.2026 во вечерните часови на локален пат во с.Драгобраште В.А. излетал од патот со тракторот кој го управувал, по што заминал дома без да побара лекарска помош.

На 08.06.2026 околу 09:00 часот неговиот син го однел во болницата во Виница за укажување лекарска помош, од каде што бил препратен во болницата во Кочани, но по кратко време му се слошило и од екипа на Итна медицинска помош Виница бил направен обид за реанимација, но тој им подлегнал на повредите. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК