Centar.mk
фото Претседателски кабинет
МАКЕДОНИЈА

Средба на Сиљановска-Давкова со згрижувачи и деца од СОС Детско село

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими дечиња и претставници на згрижувачките семејства од СОС Детско село, како и дел од раководството на организацијата.

Оддавајќи им почит за благородната дејност и хуманоста, претседателката ги оквалификува згрижувачите како големи мајки и татковци, како големи родители. „Со Вас домот не е само куќа“, истакна таа и додаде дека неопходно е соодветно да се вреднува нивниот труд којшто го вложуваат во чувањето и воспитувањето на децата. Според неа, згрижувачките семејства имаат потреба од згрижувачки однос на државата кон нив.

Во придружба на, како што и самите ги викаат, „нивните деца“ згрижувачите и претставниците на СОС Детско село со претседателката разговараа за можни решенија во насока на градење на функционален систем на згрижувачки семејства, посочувајќи можни решенија како: згрижувањето да го третираме како работа со бенефициран стаж, пришто згрижувачите ќе имаат здравствено и пензиско осигурување, како и право на боледување, право од коешто сега се лишени.

„Секое дете има право на образование, сигурност и безгрижно детство“ заклучи Сиљановска-Давкова, истакнувајќи дека мора да најдеме соодветни решенија за валоризација на трудот, посветеноста и љубовта којашто ја даруваат згрижувачите, но и решенија коишто ќе поттикнат нови згрижувачки семејства.

Во рамки на посетата, дечињата ги разгледаа работните простории во Кабинетот и се запознаа и со надлежностите на претседателката.
фото Претседателски кабинет

Можеби ќе ве интересира

ПОПЛАДНЕВНА НЕВОЛЈА НА НЕБОТО: Локално можни пороен дожд, силен ветер и град

ДЕСК

Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а двајца под дејство на алкохол

ДЕСК

СДСМ организира Меѓународна конференција „Скопска иницијатива“

ДЕСК