Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПОПЛАДНЕВНА НЕВОЛЈА НА НЕБОТО: Локално можни пороен дожд, силен ветер и град

Во следните денови времето ќе биде топло. Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата ќе има услови за поинтензивни процеси и изолирано невреме со појава на град.

Прогноза за 08.06.2026
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северeн правец. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град.

Прогноза за 09.06.2026
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град.

Прогноза за 10.06.2026
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 32°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со град.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар 1.

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК