Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

КАЗНАТА НЕ Е САМО ГЛОБА: Следуваат кривични пријави за повеќе лица за безобѕирно управување со моторно возило – едни возеле пијани, други бегале затоа што немале положено

На 05.06.2026 во 23:55 часот, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, лишен од слобода е лице (55) од кичевското село Зајас. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, што тој го управувал и констатирале дека има изречена мерка забрана за управување моторно возило од „Б“ категорија. Исто така, при извршено алкотестирање, кај него се утврдени 0,90 промили алкохол во крвта. Возачот е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 05.06.2026 во 00:40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал лице (31) од Кичево. При обид да се изврши контрола, возачот го стартувал возилото и се дал во бегство. По преземени мерки, возилото е пронајдено и обезбедено, а констатирано е и дека возачот немал положено возачки испит. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.06.2026 во 18:00 часот, на магистралниот пат Кичево- Гостивар, кај селото Колари, полициски службеници од слобода лишија лице (26) од Кичево. При извршена контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека немал положено возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 05.06.2026 во 23:40 часот во Дебар, полициски службеници од слобода лишија лице (39) од Дебар, кој претходно на улицата „Јусуф Грвала“ во Дебар, управувајќи патнички автомобил „шкода“ со дебарски регистарски ознаки, не го сопрел возилото и избегал со цел да ја одбегне полициската контрола. По преземени мерки, тој е сопрен а полициските службеници констатирале дека тој немал положено возачки испит. Возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК