Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гаши со честитка по повод Курбан Бајрам

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод празникот Курбан Бајрам:

Почитувани граѓани од исламска вероисповед,

На денот на Курбан Бајрам, празникот на пожртвуваноста, хуманоста и блискоста меѓу луѓето, се обновуваат највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит.

Овој свет празник нè потсетува на важноста од грижата едни кон други, споделувањето на добрината со семејството, соседите и со сите оние на кои им е потребна поддршка и човечка топлина.

Курбан Бајрам е исто така повик за поголемо единство, мир и хармонија во нашето општество, зацврстувајќи ја вербата дека само заедно можеме да изградиме подобра иднина за сите граѓани.

Во име на Собранието и во мое лично име, ви посакувам овој празник да донесе благосостојба, здравје, душевен мир и среќа во вашите семејства.

Честит Курбан Бајрам!

Африм Гаши

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК