Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска – 27 мај 2026 година, среда, со почеток во 19:00 часот, ќе се обрати пред учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026, којшто се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“.
На приемот, насловен „Лидерството и културата како мостови меѓу цивилизациите“, ќе се обратат поранешниот претседател, д-р Ѓорге Иванов, директорот на Институтот за културна дипломатија од Берлин, Марк Донфрид и претседателката на Националната комисија за УНЕСКО на Унгарија и Асоцијацијата на ОН на Унгарија, Каталин Анамарија Боѓај.
Форумот е организиран од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за култура и туризам.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


