Centar.mk
илустративна фотографија генерирана со вештачка интилегенција за потребите на Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, информираше неговото семејство.

Треневски е роден во 1949 година во Скопје, а зад себе остави значајна професионална биографија во новинарството, дипломатијата и јавниот живот.

Својата кариера ја започнал како новинар во Скопје, а подоцна работел и во агенцијата ТАНЈУГ, каде бил дописник од Австралија и Јужниот Пацифик. Во тој период активно ја следел македонската дијаспора и нејзините активности надвор од земјата. Треневски беше и автор на повеќе публицистички дела.

По осамостојувањето на Република Македонија, тој беше дел од првата влада како министер за информации, а подоцна ја извршуваше и функцијата министер во Министерството за иселеништво.

Во текот на дипломатската кариера, Треневски ја претставуваше државата како амбасадор во повеќе скандинавски земји, генерален конзул во Торонто, како и амбасадор во НАТО.

За својата долгогодишна работа доби повеќе признанија, меѓу кои и наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“.

Погребот ќе се одржи утре на Градските гробишта Бутел.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК