Centar.mk
фото скриншот/МВР
МАКЕДОНИЈА

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

На 25.05.2026 во 22:15 часот на улицата „Трајко Тарцан“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода осум лица, меѓу кои и еден 17-годишен малолетник. Приведените се од две различни села во крушевско.

Според пријавеното, истиот ден околу 19:30 часот, татко и син, движејќи се со патничко возило „пасат“ кон село Саждево, биле пресретнати од патничко возило „БМВ“, управувано од лице кое било во роднинска врска со семејството. По пресретнувањето, дошло до физички напад.

Подоцна, таткото и синот се јавиле на преглед во Итната медицинска помош во Прилеп, каде што, според пријавата, повторно биле нападнати од повеќе лица. При нападот биле употребени и метални и дрвени предмети.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК