Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: 5 дена до уште една лага и неисполнето ветување на Мицкоски

Соопштение на СДСМ:

Остануваат уште само 5 дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски вети дека ќе ја исполни Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат.

5 дена до уште едно неисполнето ветување и уште една голема лага.

Не може „промакедонска“ партија, како што вели Мицкоски, со бугарски пасоши да биде македонска.

Како што лажеа за враќање на името, за поништување на Преспанскиот договор, така и денес лаже за Реформската агенда дека ќе ја заврши до 1 јуни. За две години непотполно завршија 2 точки, а сега наеднаш ќе ги завршат сите 10.

Така изгледаат неговите ветувања.

Граѓаните не сакаат после две години да слушаат признанија дека сега Преспанскиот договор е ремек-дело, како што рече Мицкоски, дека НАТО за кој не сакаа да гласаат е феноменална работа и одличен за инвеститорите, како што вели Тимчо Муцунски, и на крај да имаме признание дека јазикот, културата и националниот идентитет се заштитени со
Преспанскиот договор, како што вели Гордана Сиљановска.

Граѓаните немаат ништо од тие признанија. Изгубија години.

Како може Црна Гора, а ние не?

Останува и клучното, уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот, обврска без која нема да се помрдене од мртва точка.

Без тоа, Македонија нема да може да продолжи напред во преговорите со Европската Унија. Без тоа нема отворање на следните поглавја. Нема нови европски фондови, нема подобар стандард за граѓаните.

Наместо да ја обвинува ЕУ дека го загрозува македонскиот идентитет, нека ги внесе малцинствата во Уставот.

Или нека излезе и пред граѓаните Мицкоски и да признае дека не сака членство во ЕУ, затоа што се плаши од европските правила, европското обвинителство затоа што тоа ќе значи одговорност.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ПЕЧЕ СОНЦЕ, А ПОТОА ЌЕ ЗАГРМИ: Петок носи топлина и локална нестабилност

ДЕСК

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК