Centar.mk
СВЕТ

Маж испрскал минувачи со непозната супстанца, едно лице завршило во болница во Токио

Едно лице е однесено во болница, а околу 20 лица пријавиле дека се чувствуваат лошо откако еден маж наводно испрскал непозната супстанца во близина на комерцијална зграда во деловниот кварт Гинза во Токио, соопшти полицијата.

Итен повик за „остра миризба“ во трговскиот комплекс „Гинза Сикс“ е упатен околу пладне по локално време, пренесува Кјодо.

Според извештаите, се чини дека мажот веќе го напуштил местото на настанот, а полицијата го бара.

Инцидентот се случил недалеку од станицата на метрото во Токио, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Прашањето е дали Нетанјаху сака да ја продолжи својата политичка кариера

C +

Во невреме во Холандија дрво уби возач на автомобил, градот ги искрши покривите на камперите, издадено жолто предупредување

C +

Дмитриев ги повика вонземјаните да го убедат Стармер да поднесе оставка

C +