Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

Ноќна драма во Гевгелија: Возел со 1,72 промили, учествувал во незгода и избегал

На 24.05.2026 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода лице (21) од село Негорци, гевгелиско. Тој околу 03:30 часот на раскрсница од ул. „Маршал Тито“ и ул. „Ванчо Прке“ во Гевгелија управувајќи патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот.

Од страна на полициски службеници лицето и возилото се пронајдени и по извршеното алкотестирање е утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно имал 1.72 промили во крвта. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По документирање на случајот против приведениот ќе биде поднесена кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК

Цветановски: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата, ова се неговите лаги

ДЕСК