Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Лагите на Филипче и СДС повторно демантирани, Македонија доби најмногу европски средства во регионот

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Лагите на Филипче и СДС се повторни демантирани, Филипче и СДС лажеа за мигранти, лажеа дека државата ќе банкротира, лажеа дека е празен Буџетот, лажеа за ИПАРД фондовите, а лажеа и за Реформската агенда и изјавите на Вајц.

Филипче и СДС ширеа лаги и го манипулираа народот, но веднаш се демантирани и тоа од релевантните институции. Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет и никој не му верува.

Македонија доби најмногу европски средства во регионот доделени од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра, пред Албанија со 49 милиони евра и Црна Гора со 44,2 милиони евра.

Ова е за Јануарскиот извештај, а Македонија за јуни месец ќе ја удвои сумата и повторно ќе бидеме први во исполнувањето на Реформската агенда.

ЕУ потврди, Македонија е лидер во реформите, а лагите на Филипче и СДС паднаа во вода.

Овие доделени средства од ЕУ во висина од 65,7 милиони евра се јасен показател дека реформите кои ги спроведува Владата даваат конкретни резултати и се препознаени од европските институции.

Средствата се наменети за унапредување на образованието, дигитализација и подобрување на условите во училиштата, при што дел од средствата директно ќе бидат насочени кон државниот Буџет, а останатите кон капитални и инвестициски проекти.

Овие резултати уште еднаш ги демантираат сите неосновани тврдења и дезинформации пласирани од страна на СДС и Филипче во изминатиот период. Наместо сценарија за криза и неуспех, фактите покажуваат дека Македонија напредува, добива доверба и обезбедува конкретна европска поддршка.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува целосно посветена на реализација на реформите, економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Гимназијата „Никола Карев“ се прости од загинатите Адам, Марко и Петар

C +

Левица: Пропадна и вториот тендер за ветените автобуси на Орце – голготата на скопјани продолжува

ДЕСК

УХМР издаде метео предупредување: Скопје под закана од попладневно невреме

ДЕСК