Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Соопштение на СДСМ:

Уште само 8 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите точки од Реформската агенда.

8 дена до уште едно големо неисполнето ветување.

8 дена до нов доказ дека организираната криминална група ВМРО не сака Македонија да стане членка на ЕУ.

Мицкоски ветуваше дека до 1 јуни ќе ги заврши сите точки од реформите. Секако, клучни се се уставни измени и внесување на малцинствата во уставот како услов за продолжување на европскиот пат.

Досега реформите не се исполнети, рокот изминува.

Мицкоски не ги исполнува реформите за ЕУ затоа што не сака да ги исполни.

Затоа што реформите значат одговорност, правда и крај на системот што со години го штити ВМРО.

Мицкоски не сака независно судство. Не сака Европско јавно обвинителство.

Не сака вистинска борба против криминалот и корупцијата.

Наместо европска иднина, Мицкоски ја турка државата во изолација, неизвесност и сиромаштија.

Уште само 8 дена се доволни граѓаните целосно да ја видат вистината: Мицкоски не сака ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК