Centar.mk
Сакам да работам
-БИЗНИС

Дали знаете како е да живеете во страв за парчето леб? 10.000 работници од игрите на среќа порачаа дека нема да бидат жртви на политички игри

Зад секој политички говор за „воведување ред“ и зад секој предлог-закон донесен набрзина и далеку од очите на јавноста, стојат реални луѓе. Луѓе со семејства, со кредити, луѓе кои секое утро одат на работа за чесно да си го заработат лебот.

Денешниот предупредувачки протест на вработените од индустријата за игри на среќа е почеток на битката што работниците во индустријата на среќа се подготвени да ја водат за да бидат слушнати од креаторите на закони.

„Дали некој се запрашал какво е чувството да се живее во ваква агонија и постојан немир? Од оваа работа ние чесно го вадиме нашиот леб. Ова е за нас единствен стабилен приход и надлежните мора да разберат дека овој предлог-закон удира врз реални човечки судбини. Сите ние имаме кредити за плаќање, подмируваме кирии и сметки, издржуваме семејства“, порача Стеван Крстевски, претставник на „Сакам да работам“.

Тој јасно потенцираше дека работниците се уморни од тоа да бидат заложници на политичките калкулации и бизнис интереси, кои се кршат исклучиво преку нивниот грб.

„Цели 8 години сме жртви на секоја политика, на секоја Влада, за нечии лични бизнис интереси. Секој што сака да ќари евтини политички поени, удира по нашиот грб. Осум години секој што ќе стигне нè држи во заложништво. Оставени сме во целосна неизвесност и секој ден живееме во страв дали утре нашиот објект ќе биде затворен и дали нашите работни места ќе постојат“, рече Крстевски, предупредувајќи дека доколку Владата итно не најде решение, работниците и нивните семејства масовно ќе излезат на улица.

Покрај згаснување на легалната индустрија, законот се заканува да стане и социјална бомба за целата држава, истакна Оливера Костова, претставничка на Здружението на вработени „Сакам да работам“.

„Доколку се усвои предлогот на Владата, 10.000 вработени во овој сектор ќе останеме на улица, а тоа значи дека заедно со нашите семејства ќе станеме 35.000 нови кандидати за иселување надвор од земјата. Каде ние да се вработиме? Нашите работодавачи ни обезбедија обуки и професионално усовршување по највисоки европски и светски стандарди. Ако овој сектор престане да постои, ние ќе немаме друг избор освен да аплицираме во странство за да работиме на места за кои сме се обучиле“, предупреди Костова.

Таа директно го разби и митот дека овој закон се носи за да се заштити младината, посочувајќи ја вистинската опасност која државата свесно ја игнорира.

„Долг период игрите на среќа се цел на негативна кампања. Ние не сме закана за младината. Закана за младината е популизмот кој, затворајќи ги легалните објекти, ќе ги направи младите лесен плен на играчници на црно кои ќе се одвиваат по подруми, каде државата ќе нема никаква контрола“, децидна е Костова.

Предупредувачкиот протест заврши со јасен апел до Собранието и Владата итно да биде повлечен спорниот предлог-закон и да се отвори реална дебата со засегнатите страни.

Можеби ќе ве интересира

УКИМ одбележува патронат и 77 години од основањето

ДЕСК

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

ДЕСК

ВЛЕН: Граѓаните даваат апсолутна поддршка на новата политичка енергија што ја носиме

ДЕСК